Промовирана алатката Индекс на младински развој во Македонија

Од:

Индексот за младински развој во Македонија е алатка, што денеска беше промовирана како дел од грантот „Зајакнување на младинската вклученост во локалните заедници“ поддржан од проектот на УСАИД за граѓанско учество, а во неа се забалежуваат како индикатори образованието, здравствената благосостојба, вработувањето и можностите, политичкото учество, како и граѓанското учество на младите лица во Македонија.

Грантот е тригодишна иницијатива што се спроведува од страна на Коалицијата „СЕГА“ во соработка со Агенцијата за млади и спорт.

– Aлатката во рамки на образованието ќе се користи со цел да се дознае каква е состојбата при уписите во средните училишта, колкава е стапката на писменост, како и стапката на дигитална писменост, процентот на млади во средно образование кои учат два или повеќе јазици, стапка на млади запишани во високо образование, инклузивност на средните училишта, родова рамноправност меѓу младите, планско запишување на ученици во средните училишта, како и активности за подобрување на образовните програми според потребите на пазарот од страна на локалните власти, посочи Зоран Илиевски, тим лидерот на проектот.

Тој наведе дека во однос на здравјето и благосостојбата кај младите лица со алатката ќе се испитуваат стапката на смртност меѓу младите, на пушачи меѓу младите, на млади лица што злоупотребуваат алкохол, стапката на угоеност меѓу младите, на млади лица што користат нелегални дроги, на инфицирање од ХИВ, стапката на лица кои искусиле психолошки стрес во последните четири седмици, како и промоција на сопствената едукација на младите во општината во соработка со локалните медицински установи и постоење на стратегија за превенција од сообраќајни незгоди во кои се вклучени младите на возраст од 15 до 29 години.

– За вработеноста и можностите ќе се испитува НЕЕТ стапката, стапката на невработеност кај младите, промоцијата на неформалното образование кај младите на возраст меѓу 15 и 29 години, стапка на фертилитет кај младите, процент на млади меѓу 15 и 24 кои поседуваат трансакциска сметка во банка, ризикот на социјална исклученост меѓу млади на возраст од 15 до 29 години, ризик на сиромаштија меѓу млади на возраст меѓу 15 и 29 години, стапката на млади на возраст помеѓу 18 и 29 години кои живеат со родителите и дали постои промоција на мерка за поттикнување на вработеност меѓу младите помеѓу 15 и 29 години, додаде Илиевски.

Тим лидерот на проектот посочи дека за политичката ангажираност ќе се испитува интеракцијата на младите на возраст од 18 до 29 години со локални/државни власти, изразувањето на ставовите и мислењата на интернет од страна на младите, стапката на излезност на последните локални парламентарни избори, членство во политички партии, учество во кампањи и учество на млади во извршната и претставничката власт.

Проектот „Зајакнување на младинската вклученост во локалните заедници“ се спроведува од 1 октомви 2017 година до 30 септември 2020 година, а неговата главна цел е зголемување на влијанието на младинските организации кон граѓанското учество во процесите на донесување на одлуки на локално и национално ниво, со што ќе се придонесе кон подобрување на статусот и добрососотојбата на младите во државата.

Би можело да ве интересира

Една четвртина од младите се пречесто на социјалните мрежи, според нив, партиите се најголем извор на неточни информации

Орце Костов

Младите во Македонија го напуштаат домот на своите родители нa 32,1 години

Горан Наумовски

Секое второ 15-годишно девојче во Mакедонија е тажно и се чувствува безнадежно, секое трето е осамено – анализа на СЗО

Половина од младите од 13 до 15 години велат дека знаат делумно да располагаат со парите

Млади инвоатори ќе ја претставуваат Македонија на глобалниот младински предизвик Generation unlimited – Технологија за планетата 2022

Ковачевски: Со младите креираме политики за развој на државата

А1он