Промотивно-хуманитарна манифестација на Црвениот крст во Велес

Од:

Општинската организација на Црвениот крст од Велес денеска ја организираше промотивно хуманитарната манифестација „Мојата приказна во Црвениот крст“, со што го одбележа 8 ми Мај-Светскиот ден на Црвениот крст.

На просторот на Младинскиот парк беа  поставени штандови на кои  се продаваат домашни традиционални специјалитети, рачно изработени сувенири и ракотворби од страна на волонтерите од Црвен крст, како и членовите на здруженија на граѓани и активите на жени и пензионерки од Велес, Богомила и Крива Паланка и Средношколскиот дом и СОУ „Коле Неделковски“ од Велес.

Анкица Јановска, секретар на ОО на Црвен крст од Крива Паланка која со своите членови се приклучија кон оваа манифестација во Велес, во изјавата за медиумите потенцира  дека многу е важна соработката меѓу општинските организации на Црвениот крст во земјава, а  посебно во вакви хуманитарни манифестации.

Марија Настова, активист на Црвениот крст, рече дека манифестацијата имаше двоен карактер – да ги промовира и популаризира пред граѓаните  активностите на Црвениот крст и да ги привлече да се приклучат, а воедно  и да се соберат хуманитарни средства за оние кои им се нејнеопходни.

Настова информира дека сите собрани парични средства од оваа манифестација   ќе ги наменат за Здружението на лица заболени од церебрална парализа, односно што поголем број нивни членови, деца и млади да бидат опфатени со летната рехабилитација на море.

На штандовите во Младинскиот парк за сите посетители, посебно на повозрасните лица лекарски тимови на Црвениот крст  им  делеа лекарски совети и вршеа  мерење на крвниот притисок и шеќер во крвта.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за директорка на градинка во Велес, конкурирала со лажен сертификат

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Советници во општина Велес од свој џеб купиле стакло за масата за венчавки во матичното

Орце Костов

Голема полициска акција во Велес, затекнати дилери на дрога

А1он

Условни казни за тинејџерите кои во Велес нападнаа полицајци

А1он

Уапсена жената која ограби починат човек во Велес

Орце Костов