Промоција на стратегијата „Промени во моделот и менувањето на перцепцијата за средното стручно образование“

Од:

Градот Скопје денеска беше домаќин на промоцијата на документот „Промени во моделот и менувањето на перцепцијата за средното стручно образование во Република Македонија“ изработен во рамките на проектот „Форум за јавни политики“ од Фондацијата „Фридрих Еберт“ и од Институтот за социјална демократија „Прогрес“.

– За време на предизборната кампања, преточена во програмата за новите политики на градоначалникот Шилегов, ветивме плански пристап кон проблемите со кои се соочуваме, како и креирање на политики во согласност со мислењата и предлозите на засегнатите субјекти. Во таа насока е и денешната расправа, токму овде во просториите на Градот. Сведоци сме на сериозни проблеми во легислативата и инертност во средното стручно образование, кои се рефлектираат во продуцирањето на кадар кој не соодветствува со потребите на пазарот на труд, како и на отсуството на мотивација на стопанството за активно вклучување во сегментот на образованието – истакна Билјана Секуловска Габер, советник во Советот на Град Скопје.

Нита Старова од Фондацијата „Фридрих Еберт“ потенцираше дека тие како фондација се фокусирани на младата популација и според одговорите коишто ги добиле во истражувањето што го направиле потребни се итни реформи во образованието.

Проект-менаџерот во Институтот за социјална демократија „Прогрес“ д-р Александар Спасов истакна дека во фокусот на нивното истражување биле сите засегнати страни во образовниот процес, односно професорите, претставници на невладиниот сектор, политичките партии, но за жал, не се вклучиле претставници од бизнис секторот во Македонија, иако тие сметаат дека се важен дел од процесот за менување на перцепцијата на средното стручно образование.

Фондацијата „Фридрих Еберт“ и Институтот за социјална демократија „Прогрес“ денеска презентираа еден предлог- модел за средно стручно образование што се базира на хрватскиот образовен систем и на германскиот дуален модел, кој најмногу би одговарал на потребите на пазарот на трудот во земјава.

Во новиот модел се предвидува повеќе практична настава, односно дуално образование што значи тесно поврзување на теоријата со праксата.

Александар Спасов од „Прогрес“, исто така, нагласи дека според анализата во Македонија треба да се работи на менување на перцепцијата за учениците коишто се запишуваат во средно стручно образование, бидејќи поголемиот дел на испитаници сметаат дека во тие училишта се запишуваат деца со послаб успех и од социјално ранливи групи.

Работната група којашто работела на овој предлог- модел предлага 40% од основците да се запишуваат во гимназиско образование со полагање на еден вид приемен испит, а другите учениците да се запишуваат во стручните училишта, во кои праксата во прва и во втора година би се одвивала во училиштата во соодветно опремени кабинети, а во трета и во четврта година во компании.

Менувањето на свеста во јавноста за квалитетот на средното стручно образование, според работната група, би можело да се изврши преку медиумски кампањи на телевизиите и на радијата, како и преку социјалните медиуми за кои би биле ангажирани и промотори.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Предраг Петровиќ

Дива депонија во Визбегово, Арсовска најави кривични пријави

Стојановски: Утре изутрина од 4:45 часот јавниот градски превоз ќе продолжи нормално да функционира

Предраг Петровиќ

Советот на Град Скопје ја донесе одлуката за давање субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година

Град Скопје: Вработените во ЈСП Скопје без плата, а граѓаните на Скопје без превоз

Левица: Итна седница на Советот на Град Скопје, Трудот на работниците во „Флораком“ и „Луна“ мора да биде исплатен

А1он