Променливо облачно време викендов, наместа со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Од:

Од УХМР известуваат дека денес попладне и во деновите од викендов ќе преовладува променливо облачно време, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално, особено утре ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со силни електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.

dobivaj vesti na viber

И во Скопската Котлина ќе преовладува променливо облачно време со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, утре со услови за појава на краткотрајно невреме.

Во недела и понеделник ќе дува засилен северозападен ветер што ќе услови мало опаѓање на температурите.

Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, препорачуваат од Центар за управување со кризи.

Би можело да ве интересира

Денеска променливо време со дожд

Горан Наумовски

Променливо облачно и нестабилно, локално со дожд, град и силен ветер

Горан Наумовски

Претпладне сончево, попладне обилен дожд и силен ветер

Горан Наумовски

Денес и утре портокалова фаза во цела држава

Горан Наумовски

Пороен дожд и грмежи попладнево и утре

Ана Ололовска

Сончево и топло со температури до 27 степени

Ана Ололовска