Времето денеска преку денот ќе биде променливо облачно и релативно топло со слаб до умерен западен и северозападен ветер. Претпладне во западните делови со повремен локален дожд, a на планините особено во западните делови ќе има повремени и локални врнежи ид снег. Максималната температура ќе достигне од 8 до 20 степени.
Во Скопје, променливо облачно, предпладне со појава на слаба магла преку денот ќе има и сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од западен и северозападен правец. Температурата ќе достигне до 13 степени.
До среда се уште ќе има услови за повремени врнежи од дожд, на повисоките планини од снег. Од четврток се очекува преодно стабилизирање на времето кај нас.
