Променливо облачно и студено

Од:

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и студено. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено долж Повардарието и на исток.

Температурата ќе се движи од нула до осум степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и студено. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Температурата ќе достигне до пет степени.

Од среда до петок преку денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Утринските температури во поголемиот дел од земјава ќе се спуштат под нулата, а дневните ќе бидат во благ пораст. В сабота ќе има зголемување на облачноста, а кон крајот на денот ќе има и локални врнежи од дожд, кои ќе продолжат и во текот на ноќта кон недела. На повисоките планини (над 2000 м.н.в.) ќе има слаби проврнувања од снег.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски