Променливо облачно и студено време

Од:

Денеска во утринските часови ќе преовладува сончево и студено време, а преку денот ќе има зголемување на облачноста и ќе преовладува променливо облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец кој долж Повардарието ќе се засилува, а западните делови ветерот ќе биде со слаб интензитет и со правец од североисток. Минималната температура ќе се движи од од -8 до 0 а максималната од 3 до 8 степени Целзиусови.

Во Скопското подрачје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен североисточен ветер, со температура до 6 степени.

Во наредните денови следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. В четврток, петок и в сабота ќе има услови за појава на магла по одделни котлини.

Би можело да ве интересира

На 25 октомври почнува зимското сметање на времето – стрелките на часовникот се поместуваат еден час назад

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он