Променливо облачно со умерен северозападен ветер

Од:

Времето претпладне во Македонија ќе биде облачно, особено во западните делови од земјата, а од пладне ќе дува повремено засилен северозападен ветер и облачноста ќе се намали.

Утринската температура ќе се движи од шест до 13, а дневната од 16 до 23 степени.

Во Скопје претпладне променливо облачно, а во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 21 степен.

УВ-индексот ќе има вредност 5.

Од утре ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со свежи, во повисоките места студени утра. Во недела попладне ќе има услови за локален краткотраен дожд.

Би можело да ве интересира

На 25 октомври почнува зимското сметање на времето – стрелките на часовникот се поместуваат еден час назад

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он