Променливо облачно со температура до 28 степени

Од:

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а само во планинските подрачја на југот и североистокот од земјава е можен слаб дожд.

dobivaj vesti na viber

Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се движи во интервал од 6 до 14, а максималната од 20 до 28 степени. УВ индексот ќе биде 6.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде 12, а максималната 26 степени.

Од вторник следува период на претежно стабилно и топло, а кон крајот на неделата и многу топло време со понатамошен пораст на дневната температура. Преку денот ќе има умерено наоблачување, а локална појава на краткотраен дожд е можна в четврток.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно време викендов, наместа со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Ана Ололовска

Променливо облачно и нестабилно, локално со дожд, град и силен ветер

Горан Наумовски

Претпладне сончево, попладне обилен дожд и силен ветер

Горан Наумовски

Денес и утре портокалова фаза во цела држава

Горан Наумовски

Пороен дожд и грмежи попладнево и утре

Ана Ололовска

Сончево и топло со температури до 27 степени

Ана Ололовска