Променливо облачно со температура до 18 степени

Од:

Времето претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со појава на утринска магла и ниска облачност по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб ветер од западен и северозападен правец.

Дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 12 до 18 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно со појава на утринска магла и ниска облачност. Попладне облачноста ќе се намалува.Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Температурата ќе достигне до 15 степени.

Утре во текот на денот времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. По одделни котлини со појава на утринска магла.Во вечерните и ноќните часови ќе има зголемување на облачноста и локален дожд во крајните западните делови.

Од сабота следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а ќе дува и умерен јужен ветер. Повеќе врнежи се очекуваат во почетокот на наредната седмица.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски