Променливо облачно со сончеви периоди и натпросечно топло

Од:

Времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и натпросечно топло. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотрајна нестабилност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од 7 до 15, а дневната од 26 до 30 степени.

Во Скопје, слично време, променливо облачно со сончеви периоди и натпросечно топло. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотрајна нестабилност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе достигне до 30 степени.

Во понеделник попладне и во вторник ќе биде облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има услови и за поинтензивни процеси во форма на невреме. Од вторник дневната температура осетно ќе се намали.

Би можело да ве интересира

На 25 октомври почнува зимското сметање на времето – стрелките на часовникот се поместуваат еден час назад

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он