Променливо облачно со појава на краткотраен дожд

Од:

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со појава на краткотраен дожд и ретки грмежи особено во јужните и западните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од девет до 18, а дневната од 18 до 31 степен.

Во Скопје слично време, променливо облачно со појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 28 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 6.

И утре на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Повеќе врнежи утре се очекуваат во западните делови. Ќе дува и умрен, повремено засилен ветер, особено во вторник, кога ќе биде од северен правец.

Би можело да ве интересира

На 25 октомври почнува зимското сметање на времето – стрелките на часовникот се поместуваат еден час назад

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он