Променливо облачно, на планините дожд

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а понекаде во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната од 10 до 17 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде 8, а максималната ќе досигне 12 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), следува период на стабилно и потопло време. До понеделник во планинските подрачја ќе има услови за појава на слаб дожд. Утринските температури ќе бидат над нулата, а од почетокот на следната недела дневните температури понекаде ќе го надминуваат дваесеттиот степен.

Би можело да ве интересира

На 25 октомври почнува зимското сметање на времето – стрелките на часовникот се поместуваат еден час назад

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он