Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Од:

Времето во земјава ќе биде променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи, особено попладне во западните и јужните делови.

Утринската температура ќе се движи од два до девет степени, а дневната температура од девет до 19 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе достигне до седум степени, а дневната температура до 17 степени.

До вторник ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, а во попладневните часови процесите локално ќе бидат поинтензивни со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од среда условите за нестабилност ќе се намалат, па ќе преовладува посончево и потопло време.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска