Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Од:

Времето во земјава ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во јужните делови.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за развој на нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 27 степени.

Во текот на оваа седмица ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. На повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови. Локално во следните денови процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град. Температурата нема значително да се менува.

Би можело да ве интересира

На 25 октомври почнува зимското сметање на времето – стрелките на часовникот се поместуваат еден час назад

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он