Променливо облачно и натпросечно топло

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно и натпросечно топло со сончеви периоди. Во утринските часови во западните делови ќе има услови за локален дожд. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната од 24 до 33 степени.

Во Скопје, променливо облачно со подолги сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде околу 13, а дневната ќе достигне до 31 степен.

УХМР најавува дека утре ќе биде стабилно со благ пад на дневната температура, додека во вторник кон крајот на денот и во среда ќе има локални врнежи од дожд. Температурата дополнително ќе опадне уште за неколку степени.

Би можело да ве интересира

На 25 октомври почнува зимското сметање на времето – стрелките на часовникот се поместуваат еден час назад

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он