Променливо облачно, а на повисоките планини слаб снег

Од:

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Во текот на ноќта ќе има повремен слаб дожд, особено во западните и северните делови, а на повисоките планини слаб снег. Ќе дува слаб повремено умерен северозападен ветер, кој ќе биде повеќе изразен во ноќните часови. Температурата ќе се движи од 13 до 18 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од четири до 13 степени.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, утре претпладне ќе преовладува променливо облачно време со слаб до умерен северен ветер. Попладне облачноста и брзината на ветерот ќе се намалуваат.

В недела и в понеделник ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Во вторник и среда ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски