А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Производителите на млеко се обединуваат во кооперативата „Милкоп“

by А1он22/03/2013 - 10:2022/03/2013 - 10:23161
Share0

Повеќе од 15 фарми производители на млеко од неколку реони низ Македонија и официјално се приклучија кон првата кооператива за млеко „Милкооп“ со што станаа нејзини партнери и основачи.

Добивај вести на вибер

Функционирањето на Милкооп е верифицирано и од Министерството за земјоделство, а ќе работи во согласност со законските прописи и националната стратегија за развој на производството на квалитетно домашно млеко.

– Се здруживме за да си помогнеме сами на себе, подобро да ги искористиме сопствените производствени потенцијали, да дојдеме до подобра квалитет на млекото како и до посигурен и гарантиран откуп по прифатливи цени. Очекуваме за кратко време кон нашата кооператива да се приклучат и нови фармери, Милкооп да окрупнува и да прерасне во сериозен откупувачки центар на млеко, кој ќе работи пред се во интересите на македонските фармери, изјави Мартин Трајчев, менаџер на Милкооп.

Од Милкооп најавуваат подобра организираност, развој и сигурност во работењето на фармерите, млекопроизводители, како и нивно окрупнување и подобра позиција во преговорите со млекопреработувачките центри.

– На фармерите ќе им биде понудена квалитетна добиточна храна на одложено плаќање по прифатлива цена, обуки за хигиена на фарма и исхрана на кравите, правни совети, ветеринарни совети, проверка на квалитетот на млекото, но и помош околу обезбедувањето на субвенции од страна на државата. Млекото ќе се продава на оние млекопреработувачи кои ќе обезбедат најдобри услови за откуп врз основа на реални економски параметри, соопштуваат од Милкооп.

mleko

Би можело да ве интересира

Итно се повлекува млекото „МИЗО 2,8%“: АХВ нареди да не се пие и да се врати од каде што е купено

A1on15/06/2023 - 15:33

(ВИДЕО) Внимавајте: Напивка за слабеење, суплементи за црниот дроб, млеко, чоколади – повлечени како небезбедни

Анита Петровска Рајковиќ18/11/2022 - 11:5318/11/2022 - 12:03

Се повлекува од продажба млекото за доенчиња Novalac 1

Наум Локоски03/06/2017 - 10:16

Конференција „Биодиверзитет на млеко“

Ана Ололовска16/10/2014 - 08:40

Агенцијата за храна и ветеринарство со засилени мерки за контрола на афлатоксинот

Ана Ололовска01/02/2014 - 12:14

Увезуваме само Aptamil и Hipp Organic, нема нотификација за поголеми количини алуминум

Ана Ололовска15/10/2013 - 15:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен