Програма за поттикнување на медиумската писменост на граѓаните

Од:

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги организираше работилница на која беше презентирана Нацрт-програма за поттикнување на медиумската писменост во Република Македонија.

Според директорот на Агенцијата Зоран Трајчевски, програмата е сериозен чекор кон создавање мрежа на институции и организации кои ќе си помагаат меѓусебно за медиумската писменост.

Нацрт-планот, како што потенцираше Паоло Челот, претставник на проектот ИПА ТАИБ 2009, содржи поттикнување и зголемување на свеста за медиумската писменост, координација и консултација и мониторинг на реализацијата на планот. Меѓу другото, со овие активности се предвидува издавање брошури и лифлети, креирање веб-страница, информативни кампањи. Предвидено е воспоставување соработка со јавни институции, министерства, образовни тела и граѓанскиот сектор.

Препораките на професорката Снежана Трпевска, која зборуваше за улогата на медиумите во промовирањето на медиумската писменост, се дека тие треба повеќе да се свртат кон граѓаните и јавните интереси. – Програмите на јавниот сервис повеќе да се свртат кон граѓаните, приватните медиуми критички да го преиспитаат сопствениот начин на известување врз основа на постојниот Кодекс на новинарите. Медиумските куќи да го поддржат Советот за етика на медиумите, посочи Трпевска.

Постојат примери како граѓаните да се вклучат во процесот на информирање, односно давање информации или видеа на медиумите. Некои медиуми, како што беше посочено, вршат обуки на граѓани кои би можеле да им помогнат за одредени случаи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март