Профункционира Националниот портал за електронски услуги

Од:

Преку Националниот портал за електронски услуги што е пуштен официјално во употреба денеска, граѓаните со една најава, корисничко име и лозинка, ќе можат да добијат различни услуги во електронска форма.

„Секогаш први на ред, нема повеќе – кој ќе чека пак“, е пораката за новиот портал од Министерството за информатичко општество и администрација, што ги реализираше активностите во најголем дел со финансиска помош од Европската унија.

– На порталот uslugi.gov.mk во електронска форма се достапни 127 услуги од 28 институции. Во иднина тој број ќе се зголемува со оглед дека на располагање се 1.300 услуги, информира ресорниот министер Дамјан Манчевски на средба со новинари.

Како што појасни, за видливите резултати од оваа електронска платформа претходеа повеќе активности, технички решенија и регистри. Дел од тие решенија е и подготвениот каталог на услуги, како и Централниот регистар на население што е основа на Националниот електронски портал.

Покрај брзината за добивање услуга и заштедата на време во клучните придобивки Манчевски го потенцира и намалувањето на корупцијата. Точно ќе се знае кај е одреден документ и ќе нема веќе заглавени документи во фиоките, најавува Манчевски.

Функционирањето на порталот ќе биде официјализирано на прес-конференција на министерот Манчевски со премиерот Заев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

Орце Костов

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

Орце Костов

Алиу: Конечен став за забраната на Тик-Ток по координација со правосудните, образовните и безбедносните институции

Горан Наумовски

Почнаа преговорите за решавање на проблемите на регионалните и локалните радиодифузери

А1он

МИОА: Нови алатки во процесите за дигитална трансформација на општеството

А1он