А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Професорите до Иванов: Наместо напишаното, очекуваме стручно и аргументирано објаснување

by А1он22/01/2015 - 14:5223/01/2015 - 08:52221
Share0

Професорскиот пленум се огласи по повод потпишувањето на указите за за прогласување на законите во областа на образованието од претседателот Ѓорге Иванов.

Добивај вести на вибер

Во соопштението се вели:

Потпишувањето е проследено со кусо соопштение во кое се истакнува дека потписот го темели на извршените анализи и консултации, како и на бројните средби со најдобрите студенти во изминатите шест години;

се укажува на потребата од успешна трансформација на високото образование, препознатливи студенти и професори, конкурентни на глобалниот пазар на знаење.

Наместо горенаведеното, ние, професорите од Професорскиот пленум очекувавме темелно и стручно аргументирано образложение за причините поради кои претседателот одлучил да биде државник, а не професор, потпишувајќи ги указите за прогласување на овие, не само важни, туку и спорни закони!

Зачудени сме од она што следи во соопштението на Кабинетот на Иванов. Не чекајќи да се исуши мастилото од потписот, тој ја информира јавноста за:

добиеното цврсто уверување од предлагачот (владата) дека ќе организира сеопфатна стручна расправа за најсуштествените прашања од високото образование со релевантни субјекти од оваа област, претставници на студентите и меѓународни експерти во функција на нов закон;
спремноста за зголемени вложувања во научноистражувачката дејност, заради полесно приближување кон меѓународните научни достигнувања.

Да потсетиме:

тукушто потпишаните закони сè уште не стапиле во сила, а оние кои се колнеа во нивната нужност, „пост фестум“ зборуваат за нов закон?!

зошто, кога ние баравме нов закон, тие не нè слушаа?

зошто трчаа со измените и дополнувањата, наместо да ги повлечат законите?

зошто нè убедуваа дека постапката е инклузивна, кога беше ексклузивна?

зошто, кога ние укажувавме дека со 0,2 % за научни истражувања не се станува компетитивен и компарабилен на светската научна сцена, тие ни одговараа дека не е така?

Зошто, претседателе-државнику, потпишувате закон за кој и самиот велите дека ќе биде заменет со нов?!

Почитувани граѓани, укажуваме дека претседателот стави потпис на укази за прогласување на закони кои содржат неуставни одредби со кои се руши автономијата на универзитетот и правото на образование, одредби спротивни на европската конвенција за човекови права, норми спротивни на европските образовни стандарди, конфузни и контрадикторни одредби, неспроведливи и неприменливи норми, норми коишто ќе ги продлабочат, наместо да ги разрешат образовните проблеми!

Нам, заради намалување на штетните последици од лошите закони ни преостанува да посегнеме не само по правните инструменти за заштита на автономијата на универзитетот, туку и по легитимните форми на граѓанска непослушност!

VIVAT ACADEMIA!

plenum

Би можело да ве интересира

Студентски пленум се огради од Туфегџиќ, таа вели дека е на листа како граѓански активист

Емир Латифовиќ07/11/2016 - 11:13

Студентски пленум објави повик за предлог модели за студентско организирање

Емир Латифовиќ17/08/2016 - 10:56

Погледнете го видеото „брУКИМ“ од Студентскиот пленум

Емир Латифовиќ04/07/2016 - 20:15

(ВИДЕО) Автономија на УКИМ: Студентите влегоа на факултети

Емир Латифовиќ01/07/2016 - 21:2801/07/2016 - 23:12

(ВИДЕО) Студентскиот протест се движи кон УКИМ

Емир Латифовиќ01/07/2016 - 20:4001/07/2016 - 23:03

Власта со специјалци ќе ги растерува студентите од пред СПУКМ

Предраг Петровиќ30/06/2016 - 22:4930/06/2016 - 22:50
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен