Проевски: Ресен не постои за ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Кандидатот за градоначалник на СДСМ за Ресен, Јордан Проевски на вечерашниот митинг рече дека никогаш не било потешко за живеење во градот од денсе.

„ Ресен е жртва на погрешни политики на ВМРО-ДПМНЕ, назадува градот, шест години заборавен од централната власт, градот како да не постои за Груевски. Сегашниот градоначлник наместо во интерес на општината ги казнува и Ресен и Ресенчани, корупција, самобендисаност, нема ниту една инфраструктура инвестиција, не е решпен ниту еден од комуналните проблеми, наместо тусиристички рај, во Ресен има сеуште проблеми со водоводот“, рече Проевски.

Тој кажа дека Ресенчани уште го чекаат откупниот центар за јаболка.

„Нема време за чекање, потребни се решенија , Ресен треба повторно да живее слободно, без притисоци и уцени, нема повторно да биде никој затворен зашто делел флаери против градоначалникот“, рече тој.

Според Провески, приоритет е да се направат услови за развој на овоштартвото, за пласман на јаболкото во соработка со дистибутивни компании, за промоција на селскиот туризам и здравствен туризам за што според него постојат услови на западниот дел на езерото.

„Знам дека се сеќавате на поразот на локалните избори кога ја изгубивме општината за десетина гласови. И сега нема да биде лесно, ќе се обидуваат со злоупотреби и манипулации да ја сменат вољата на гласачите, но нема да успеат, зашто на граѓаните им е доста од празни ветувања. Ресен ќе го врати приматот на бастион на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија“, рече Проевски.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ