Проекти за прекугранична соработка Македонија – Албанија

Од:

Во Охрид и во Битола денеска ќе се организираат информативни сесии за Првиот повик за поднесување на предлози во рамки на проектот на Европската унија за прекугранична соработка Македонија-Албанија. 

Информативните сесии се во организација на Министреството за локална самоуправа, оперативната структура на ИПА прекуграничната програма за соработка Република Македонија – Албанија 2014-2020 и Делегацијата на Европската унија (ДЕУ) во Република Македонија. 

Во Општина Битола информативната сесија ќе биде од 10 до 12 часот, додека во Охрид во 14 часот.  

Пред учесниците ќе биде презентиран водичот за поднесување на проектни предлози преку кој потенцијалните апликанти ќе имаат можност да се запознаат со критериумите за аплицирање на повикот.

Во вторник вакви информативни средби ќе се одржат во Корча и Елбаса, Албанија, а во среда во Дебар и во Гостивар.

Би можело да ве интересира

Во првата половина од годинава Албанија ја посетиле над 5 милиони странци

А1он

Полицијата и демонстрантите се судрија во Тирана

Силна бура ја погоди Албанија: Има загинати и повредени

Горан Наумовски

Партијата на Македонците и другите малцинства во Албанија, побараа загарантирано парламентарно претставување и јавно финансирање

Хита: Полицијата пронашла законски пречки за едно лице на „Ќафасан”, другите три што го придружувале сами одлучиле да не го продолжат патувањето

По Србија и Косово, набргу One Stop-систем и со Албанија