Продолжува судењето за „Тврдина 2“ во отсуство на првообвинетиот Грујовски

Од:

Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за случајот „Тврдина 2“ во кој обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујовски и уште шестмина вработени во УБК. СЈО ги сомничи за уништување службена документација поврзана со незаконското прислушување.

Претходното рочиште на 3 јули беше одложено на барање на одбраната.

Се очекува на денешното продолжение да бидат сослушувани сведоци. На почетокот на на судењето, обвинетите пред судот се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делото за кое се товарат.

Горан Грујовски и неговиот колега од УБК Никола Бошковски, кој исто така е обвинет од СЈО, веќе два месеца се во бегство и по нив е распишана и меѓународна потерница. Тие не се достапни од 18 јули, откако Врховниот суд по повеќедневно пролонгирање им го потврди притворот што претходно го одреди Кривичниот суд.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов