Продолжува судењето за „Насилство во Центар“

Од:

Експремиерот Никола Груевски денеска ќе се појави во Кривичниот суд, како еден од обвинетите во случајот „Насилство пред Општина Центар“ или случајот попознат како „Нарачани шлаканици“.

Заедно со него во Кривичниот суд треба да се појават и Миле Јанакиески, пратеничката Даниела Рангелова и останатите осум лица кои биле извршители на насилството.

Двајца обвинети признаа вина, а за еден од обвинетите постапката е издвоена. Минатото рочиште беше одложено бидејќи немаше камери во судницата, на што од пред неколку судења почнаа да инсистираат обвинетите.

Овој предмет од јануари треба да почне од почеток, бидејќи судијката Татјана Михајлова која го судеше Груевски и останатите обвинети, е прераспоредена во друг оддел на Судот.

Груевски в петок на 29 декември треба да се јави кај шалтерски службеник, како мерка на претпазливост која му ја определи судот, по барање на Специјалното јавно обвинителство.

В. М.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов