Продолжува судењето за „Монструм“

Од:

Во Кривичниот суд денеска продолжува судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година.

На минатото рочиште беа сослушани три вешти лица од МВР, кои вршеле анализи и испитувања на неколку предметни возила.

За случајот „Монструм“ во претходна постапка, предмет на анализа биле возилата „опел омега”, „голф 3″, „фолксваген пасат“, „пежо 306″ и „мазда 626″.

Вештаците кажаа дека од извршените анализи на отпечатоци од прсти и траги на возилата, кај „пежо 306“ биле идентификувани траги на Алил Демири и на Самир Љута, кој подоцна е внесен во системот за анализа од СВР Скопје, додека кај трагите од „фолксваген пасат“ биле идентификувани Алил Демири, Агим Исмаиловиќ и Фејзи Азири.

Претседателот на судечкиот совет Огнен Ставрев, на почетокот информира дека се уште нема одговор на барањето за екстрадиција на двајца од обвинетите, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се во бегство на Косово.

Случајот „Монструм“ во февруари оваа година почна од почеток и се уште се наоѓа во доказна постапка.

За петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите и случајот го презеде СЈО.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

Азири: Службите за лични и финансиски придобивки го организира случајот „Монструм”

А1он

Курти не одговори дали и кога Косово ќе ги испорача Исмаиловиќ и Демири, осудените во „Монструм“

Рустеми се согласил да им се намалат казните на осудените за насилствата на протестите за „Монструм“

Кристијан Ландов

Заев очекува Косово да постапи според меѓународното право и да го испорача Африм Исмаиловиќ

Жарко Настоски