Судењето за масакрот кај Смиљковско Езеро кој се случи минатата година, односно за случајот „Монструм“,продолжи денес без првообвинетите кои завчера беа уапсени на Косово.
Двајцата осомничени Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се во екстрадициски притвор, а по завршување на законските процедури ќе бидат предадени на македонските власти.
На денешното рочиште беа презентираа докази од посебните истражни мерки, од преслушаните телефонски разговори, па истото беше затворено за јавноста.
На почетокот на судењето судијата го одби барањето на бранителите, мобилните телефони на обвинетите да им се дадат во судницата, за да имаат увид во телефонските именици.
Но судијата истакна дека телефоните се на форензичко-информатичко вештање и дека тие извештаи ќе бидат земени предвид во понатамошната доказна постапка.
Кога осомничените ќе бидат предадени на македонските власти, процесот ќе започне повторно.
Елена Георгиевска