А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Продолжува расправата за основаноста на предлогот за импичмент на Иванов

by А1он06/06/2016 - 10:0106/06/2016 - 10:04247
Share0

Во Собранието на Република Македонија денеска треба да продолжи со работа Комисијата за оценување на основаноста на Предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на Ѓорге Иванов поради неговата одлука за аболиција.

Добивај вести на вибер

Ова е трето продолжение на Комисијата, која од изгласувањето од Парламентот за седум дена треба да изготви извештај за тоа дали предлогот на опозицијата за импичмент на Иванов е основан или не е. Рокот за изготвување извештај истекува денеска. Кога извештајот ќе стаса до претседателот на Собранието, тој треба да закаже седница на која ќе се расправа за предлогот.

Предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на Ѓорге Иванов го поднесоа пратениците од СДСМ и коалициските партнери, а тој е поддржан и од пратениците од ДУИ, врз основа на нивните ставови изнесени на Комисијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека се против одлуката на Иванов за аболиција, но сметаат дека таа не е ниту незаконска ниту противуставна.

impicmentivanov

Би можело да ве интересира

Се бара импичмент на Трамп

Предраг Петровиќ22/06/2025 - 12:2222/06/2025 - 14:51

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски15/12/2023 - 16:4415/12/2023 - 16:44

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ10/10/2023 - 11:4710/10/2023 - 14:31

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска18/12/2020 - 13:36

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска18/12/2020 - 11:07

Иванов: По ваква изјава на премиер, во секоја демократска земја паѓа владата

Жарко Настоски26/11/2020 - 15:2626/11/2020 - 15:50
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен