Продолжува градбата на хотелот во Лагадин

Од:

Продолжува градењето на дивиот хотел во Лагадин, откако Министерството за транспорт и врски ја уважило жалбата на инвеститорот, а се однесувала на решението за градба. Од граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ прашуваат дали општина Охрид треба да го снабди инвеститорот со решение за рушење или ќе ја продолжи политиката на минатата гарнитура предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Општина Охрид пак, стои на ставот дека нема да го промени решението со кое е забрането изведување на градбата, а со тоа, хотелот во Лагадин кој деновиве се снабди со цигли, инвеститорот го гради на диво.

Хотелот почна да се гради во декември 2016 година, а локалното население, сопствениците на викенд-куќи во овој дел на Охрид и граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ уште од почетокот на градбата укажуваат дека хотелот прекршува 12 закони, 1 подзаконски акт и не е во согласност со Уставот на Република Македонија. Додека институциите се подготвуваа да излезат на терен, да направат инспекциски надзор, а потоа и да ја запрат градбата, хотелот се изгради.

Во меѓувреме инвеститорот неколку пати се жалеше на Второстепена владина комисија. Првиот пат му беше одбиена жалбата, па градежните активности запреа, а кога се пожали и вторпат, Комисијата му ја прифати и му даде можност на градоначалникот да му издаде ново одобрение за градење или да се жали на Управен суд, а според Инспекторатот, инвеститорот поднел и трета жалба.

Својот став кон изградбата на овој хотел во март го изнесе и градоначалникот Јован Стојаноски кој тогаш кажа дека „ние како Општина Охрид донесовме одлука со кое се поништува одобрението за градба на хотел кај Лагадин и тоа ќе оди до Второстепена комисија, до Транспорт и врски и ако тие одлучат како нас, инвеститорот може да поведе управен спор“, додавајќи дека хотелот не може да се гради, бидејќи му е одземено одобрението за градба“,

Против оваа дивоградба, која се градеше надвор од сите прописи за заштита на животната средина, се побунија бројни здруженија во Охрид, а и самите жители на населбата во текот на минатото летото во повеќе наврати, во знак на револт, го блокираа патот Охрид-Пештани-Свети Наум.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во хотел во Тексас, има тешко повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Изнајми хотелска соба и снимил страшно откритие: „Не можев да спијам овде“

Труење со хлор во базен во хотел во Охрид: Седуммина од кои две деца се во болница

ВИДЕО: Хаос во Тунис, српските туристи за малку ќе се степаа со хотелиерите откако добија мувлосани соби

Предраг Петровиќ

Двајца крадци украле сеф со пари од хотел во Градскиот парк во Скопје

Македонија испрати лажен извештај во УНЕСКО: Државата сокри дека не е урнат хотелот во Лагадин

Орце Костов