Битола добива нов голем хотелски комплекс

Од:

Во Битола започна првата фаза активности за изградба на голем хотелски комплекс, во центарот на градот во непосредна близина на Широк сокак, поточно на локација на поранешната касарна во град Битола, кој претставува најголем во регионот од ваков тип.

Планот за цеслосна изградба е предвидена за максимум две години и шест месеци и ставање во функција за три години.

Овој хотелcки деловен комплекс е во сопственост на копманиите “Премиум Пиво Дооел Битола”, “АТИК Премиум ДОО Битола” кососпстеници Александар Талевски и Игор Колевски кои се партнери инвеститори на повеќе проекти на станбени единици во Битола.

Целата инвестиција е во вредност од 12.5 милиони евра финансирана од страна на инвеститорите и кредитна линија од позната банка. Со овој проект градот добива резидентен комплекс каде што ќе допринесе уште повеќе за епитетот градот на конзулите.

Оваа инвестиција ќе овозможи капацитет за повеќе намени од кои 71 двокреветни луксузни соби , 30 дуплекс и трипкекс мега апартмани, трговски објект близу 2700 m2, големо казино лајв луксузен ресторан, сали за оддржување на големи конференциски и други настани, голем паркинг, најмодерна мега теретана со спа центар и базен и салони за убавина се што треба да поседува еден луксузен хотел од 5 ѕвезди по правилникот на стандардизација.

Инвеститорите велат дека ваквиот тип на инвестиција е од „високо економско значење за градот Битола и поширокиот регион дури и за соседна Грција и Турција бидејќи најголем број посетители туристи се токму од овие земји особено Турците за кои што градот со години нема да понуди вакот тип капацитет за сместување на гостите кои доаѓаат најчесто со автобуси на само два часа за прошетка најчесто транзит и одат понатаму на друга дестинација што претставува огромна економска штета за градот“.

Според инвеститорите „овој комплекс ќе биде од инзвонредно значење на сите спортски клубови и спортистите на градот како и за екипите и спортистите кои доаѓаат од европските држави за мечевите од меѓународен каратектер на ракометниот клуб Пелистер кој последниве години игра во лигата на шампионите , фудбалскиот клуб Пелистер, за репрезентациите на Македонија како и за другите спортски клубови но и за потребата за културните настани од домашен и меѓународен ранг можат да престојуваат и да бидат сместени во овој хотелски комлекс“.

Би можело да ве интересира

Продолжува мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, Владата очекува намалување на малопродажните цени

Лишени од слобода три лица, а со четири извршен службен разговор за семејно насилство во последното деноноќие

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ

ДУИ: Пад од 61 отсто на странските директни инвестиции во 2025 година во споредба со 2024 година

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија

СДСМ: Мицкоски ги ангажирал „Black Cube“ – приватниот „Мосад“ за следење на опозицијата