Продолжи судењето за „Т.Н.Т“ , се читаат материјалните докази

Од:

Со читање на материјалните докази предложени од Специјалното јавно обвинителство денеска продолжи судењето за случајот „Т.Н.Т“ за уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски.

Обвинетиот Миле Јанакиески доставил до Судот барање за автентичноста на материјалите кои произлегуваат од телефонските разговори.

Одбраната предложи Судот да провери и СЈО да ја извести другата страна во постапката дали и доказите што се изведуваат се оригинални.

Обвинителите од СЈО информира дека сите докази кои денес ќе се читаат се оригинали.

Адвокатите побараа Судот да им дозволи да ги разгледаат доказите за да дадат согласност кои од нив да бидат читани, бидејќи СЈО доставило преку сто дополнителни докази кои одбраната ги има добиено.

Меѓу обвинетите за уривањето на „Космос“ се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.

Во Кривичниот суд денеска се одржува рочиште и за предметот „Труст“. На предлог на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) беа пуштени 10 необјавени прислушувани разговори во врска со овој случај.

Прислушуваните разговори се меѓу поранешниот директор на ЕЛЕМ Влатко Чинговски и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски, во кои се спомнуваат Сеад Кочан и Горан Иванов-Ѕинго во врска со постапката за добивање тендер на ЕЛЕМ.

Во случајот „Труст“ обвинети се бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ, за учество на тендер на Електрани на Македонија.

Според обвинението, осомничените со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Кривичен за „ТНТ“: Мериторно одлучување на второстепениот суд при жалбени постапки е единствен начин за судење во разумен рок и економичност и ефикасност на постапките

И Обвинителството и одбраната бараат застарување на случајот за уривањето на Космoс

Александар Тодески

Апелацискиот суд ќе одржи јавна средница за случајот „ТНТ“

Пресудата за „ТНТ-рушење на КОСМОС“ е неиздржана, истакна одбраната на јавната седница во Апелација

Ана Ололовска

Предметот „ТНТ-рушење на КОСМОС“ на јавна седница на Апелацискиот суд

Ана Ололовска

Судски совет ќе го проверува и „ТНТ“, каде судијата и вештакот се во кумски врски

Кристијан Ландов