Продолжен рокот на патните исправи и возачките дозволи до 31 јули

Од:

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека е продолжен рокот на важност на патните исправи и возачките дозволи чиј рок на важност е истечен во периодот на вонредната состојба и тие важат до 31 јули 2020 година.

„Имено, на 51-вата седница на Владата на Република Северна Македонија, на предлог на Министерството за внатрешни работи, се донесени уредби со законска сила за патните исправи и за возачките дозволи на државјаните на Република Северна Македонија за време на вонредна состојба, со кои се продолжува рокот на овие лични исправи до 31 јули 2020 година.

Тоа значи дека овие граѓани нема потреба да вадат нови патни исправи и возачки дозволи до овој датум, но доколку сепак сакаат да извадат нови документи, на располагање секој работен ден се службите на МВР“, информираат од Министерството.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи