Продолжен притвор од 30 дена за осумте осомничени кои учествуваа во петочните протести

Од:

За 30 дена им е продолжен притворот на осумте лица кои учествуваа во протестите на 4-ти овој месец пред објектите на Основниот суд Скопје 1 – Скопје и Основниот суд Скопје 2 – Скопје, при што со камења и други тврди предмети  беа оштетени фасадите на објектите и повредени неколку полициски службеници.

Во Основниот суд Скопје 1 – Скопје денеска е доставен обвинителен предлог од скопското Основно јавно обвинителство против осум лица со иницијали А.Р., М.Б., Р.В., А.А., Е.И., И.М., Р.Б. и Ф.З. кои се гонат за кривичното дело „учество во толпа што ќе предизвика кривично дело“.

– Обвинителството ги товари овие осум лица дека биле дел од поголемата група граѓани кои на 04.07.2014 година протестираа пред објектите на Основниот суд Скопје 1 – Скопје и Основниот суд Скопје 2 – Скопје, при што со камења и други тврди предмети ги оштетиле фасадите на објектите и повредиле неколку полициски службеници. Надлежен судија по разгледување и ценење на обвинителниот предлог, донесе одлука на обвинетите, на кои претходно од страна на судија на претходна постапка им беше одредена мерка притвор во траење од осум дена, денеска на сите осум обвинети ја продолжи мерката притвор за нови 30 дена. Воедно дополнително ќе биде утврден и термин за одржување на главата расправа за конкретниот предмет, за што јавноста ќе биде известена, се вели во денешното соопштение од Основен суд Скопје 1 – Скопје.

Согласно Кривичниот законик, за кривичното дело од член 385, став 2, в.в. со став 1, предвидени се казни до 5 години затвор, односно  став 2. „ Ако при дејствувањето на толпата некое лице е лишено од живот или тешко телесно повредено или настапи штета од големи размери, учесникот во толпата за самото учество, ќе биде казнет со затвор од три месеци до пет години.“

Ставот 1 предвидува „Тој што ќе учествува во толпа што со заедничко дејствување ќе стори насилство спрема луѓе или ќе оштети или ќе уништи имот од поголема вредност ќе се казни со парична казна или со казна затвор до три години.“

Во однос на останатите кривични пријави, поврзани со протестите од минатата недела, до Основниот суд Скопје 1 – Скопје досега не се добиени други обвинителни предлози, се додава во соопштението од Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

Азири: Службите за лични и финансиски придобивки го организира случајот „Монструм”

А1он

Курти не одговори дали и кога Косово ќе ги испорача Исмаиловиќ и Демири, осудените во „Монструм“

Рустеми се согласил да им се намалат казните на осудените за насилствата на протестите за „Монструм“

Кристијан Ландов

Заев очекува Косово да постапи според меѓународното право и да го испорача Африм Исмаиловиќ

Жарко Настоски