Продажбата на „мерцедесот“ на Груевски ќе го почека и Врховен

Од:

Екстралуксузниот „мерцедес“, кој со противзаконското влијание го нарача бегалецот Никола Груевски, уште долго ќе остане гаражиран. По три дена барање одговор, од Владата за „А1он“ потврдија дека додека трае постапката по жалбите на Гордана Јанкулоска и Никола Груевски во Врхвниот суд, продажбата е ставена на стенд бај.

dobivaj vesti na viber

„Возилото сѐ уште е предмет кој е дел од судска постапка. Постојат жалби до Врховен суд и додека не заврши целосно судскиот процес, Владата нема законска основа да постапува кон отуѓување на возилото“, пишува во краткиот одговор од Владата.

Од Владата во април годинава за „А1он“ потврдија дека судбината на „мерцедесот“ ќе се знае по изборите.

Службата за општи и заеднички работи го презеде блиндираното возило од Министерството за внатрешни работи по што беше огласен на лицитација, но постапката беше запрена поради судскиот процес на СЈО со кодно име „Тенк“.

За овој судски предмет беа донесени правосилни судски одлуки. Бирото за судски вештачења му ја преполови сумата на возилото, па „мерцедесот“ го процени од 580 илјади евра на 234 илјади евра поради амортизацијата и поминатите километри.

„Мерцедесот“ лани беше петти пат сервисиран за сума од 27 илјади евра и затворен во гаражата под МРТ. Државата досега за 5-те сервисирања потроши приближно 120 илјади евра.

Лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, вети дека од продажбата на „мерцедесот“ ќе купи амбулантни возила.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Адвокатката на Јанкулоска: Спроведувањето во затвор е незаконско, таа не можеше да бара одлагање на казната

Кристијан Ландов

Полицијата во станот на Јанкулоска, ќе ја спроведуваат во затвор

Кристијан Ландов

Врховен суд уште не го доставил предметот ,,Тенк” до кривичен, Арслани апелира на трпение

Ана Ололовска

МВР реагира на тврдењата на Јанкулоска дека е под опсада: Преземаме стандардни мерки

Ана Ололовска

Јанкулоска: Нема потреба од опсада на зградата во која живеам, ни на крај памет не ми паѓа да бегам

Кристијан Ландов

Јанкулоска за „А1он“: Дома сум, кој сака нека повели на кафе

Кристијан Ландов