Привршува реконструкцијата на ОУ„Вук Караџиќ“ во Куманово

Од:

Во завршна фаза е реконструкцијата на кумановското основно училиште „Вук Караџиќ“, со која се очекува да се замени столаријата и кровот на училишната зграда.

Амбасадата на Јапонија, додели 67.830 евра наменети за реновирање на кумановското основно училиште, односно за замена на прозорците од вториот и третиот кат од училиштето, како и на кровната конструкција.

Преку овој проект, Владата на Јапонија го финансира целосното реновирање на кровот на училиштето, набавката на нови и замена на старите прозорци, со што значително ќе се подобри безбедноста на учениците, а ќе се подобри и загревањето на училишните простории.

– Реконструкцијата започна при крајот на јуни годинава, а во моментов се работи на кровот и на замена на прозорците во ходниците. Се надевам дека учениците со почетокот на учебната година ќе добијата енергетски поефискана и безбедна средина за учење, изјави директорката на училиштето Надица Петровска.

По завршување на проектот, надлежните од училиштето, планираат да ги заменат прозорците на приземје и првиот кат, како и реконструкција на прозорците, за што средства ќе побараат од Министерството за образование. Истовремено, менаџерскиот тим планира и обнова на фасадата, за што, како што рече Петровска, ќе се обидат да најдат и донација.

Во училиштето настава следат 148 ученици, но со подобрувањето на условите, таа очекува идната година да се запишат поголем број ученици.

Би можело да ве интересира

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

Затворени се 26 рурални училишта, во основно образование има 200, а во средно 100 паралелки помалку

Катерина Ѓуровски

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници