Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, скопскиот градоначалник Петре Шилегов и секретарот на Црвениот крст на Град Скопје, Сузана Тунева Пауновска, денеска ќе го посетат Пунктот за бездомници на Црвен крст во Момин поток.
Црвениот крст за време на екстремно ниските температури ќе се овозможи сместување во Привременото прифатилиште кое има капацитет да смести 32 лица во исто време, а мобилни тимови на Црвен крст ќе бидат достапни 24/7 за да укажат помош и обезбедат превоз за сите бездомни лица дојавени од терен.
Со поддршка на Министерството за труд и социјална политика на РМ оваа година ваквите услуги покрај во градот Скопје, проширени се и во Битола, Струмица, Струга каде се поставени контејнери во кои може да се згрижат по осум лица, а се опремени со ќебиња, храна…