Приведено лицето коешто нападна скопјанец во неговиот стан во Капиштец

Од:

СВР-Скопје до надлежното ОЈО-Скопје, со кривична пријава го предаде Д.Н. (26) од Битола поради основано сомнение дека со намера противправно да присвои туѓ подвижен предмет и за себе да прибави противправна имотна корист на 19.08. годинава околу 22,15 часот, на ул, “Васил Ѓоргов“ во Скопје, во станот на Д.Д. (46), над истиот со употреба на сигнален пиштол и нож, извршил кривично дело – “разбојништво во обид“. Истражен судија на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Имено, разбојништвото во обид Д.Н. го извршил на тој начин што откако влегол во претсобјето на станот на оштетениот преку незаклучената врата, во еден момент кога бил затекнат од истиот, извадил сигнален пиштол марка “Екол специјал 99“ кал. 9мм, и со закана по животот му наредил да клекне за да може да го заврзе со пластична стега која што ја донел со себе. Откако Д.Д. не ја послушал наредбата, пријавениот со пиштолот испукал два пати, по што оштетениот откако ја сфатил сериозната намера на Д.Н. пружил активен физички отпор, му го отфрлил сигналниот пиштол, но Д.Н. извадил нож и му задал четири убодни рани во телото и без да земе нешто го напуштил станот и зградата оддалечувајќи се во непознат правец.

Од здобиените повреди оштетениот паднал во претсобјето и барал помош, по што станарите од зградата му помогнале, повикале Итна помош и истиот  бил пренесен во Ургентен центар Скопје, каде што по оперативната санација на здобиените убодни рани, истиот бил задржан на интензивно лекување и опсервација во КАРИЛ, а оттаму бил пренесен на ЈЗУ Универзитетска Клиника за дигестивна хирургија.

Со наредба од ДИС од Основен Суд Скопје 1 Скопје од одговорното лице на куќен совет во зградата на ул.„Васил Ѓоргов“ бр.30 подигнато е едно ЦД од снимен видеозапис од 19.08.2012 година во времето од 22 до 22,30 часот од влезот на зградата, каде јасно се гледа Д.Н. како влегува во зградата во критичното време и како  трчајќи излегува. Од извршените проверки утврдено е дека пријавениот сигналниот пиштол го купил на 13.08. За извршеното разбојништво во обид од страна на единица за истрага на местото на настанот и вештачење бил извршен увид и се подигнати две испукани чаури, една пластична стега и други траги кои се предадени за вештачење. Со оштетениот е направено непосредно класично препознавање на лица во ПС ОН Кисела Вода, при што истиот со сигурност го препознал Д.Н. како лицето кое е сторител на наведеното кривично дело. Инаку, во крим-евиденциите на СВР-Скопје лицето Д.Н. не минува.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски