Приведени тројца сириски мигранти

Од:

Полицијата синоќа околу 20 часот и 30 минути пронајде и приведе три сириски државјани без документи за идетификација. Мигрантите биле во патничко моторно возило „БМВ 53 Д“ кое го управуал Ш.С.(41) од Скопје.

Возилото е забележано во близина на раскрсницата на патот Гевгелија – Богданци. Се упатило кон село Богородица, а потоа по автопатот Е-75 кон Скопје.

На автопатот Гевгелија – Скопје полициски службеници на возачот му дале знак за сопирање, но при обидот да извршат контрола и преглед, тој нагло стартувал наназад и удрил во службено возило. Потоа избегал, преминувајки преку металните огради на автопатот, по што е фатен. Возачот давал отпор и при обидот за негово приведување.

МВР презема мерки за целосно расчистување на настанот.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари