Приведени крадци, расчистени четири тешки кражби

Од:

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се расчистени четири тешки кражби и се приведени крадци.

„По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Штип, расчистени се четири кривични дела „тешка кражба “, од кои три во обид, на катализатори од системот за издувни гасови од патнички моторни возила на подрачјето на Штип, за кои постојот основи на сомнение дека се извршени од страна на три групи, од кои едната составена од Т.И.(22) од с.Подареш, радовишко, Д.И.(21) и Т.Н.(23) двајцата од с.Ињево, радовишко, втората од И.К.(24), Е.А.(28) и А.Р.(26) тројцата од Велес и третата група од В.И.(28) од с.Лакавица, штипско и А.С.(28) од с.Јакимово, делчевско. Во СВР Штип извршен е службен разговор со сите осомничени лица и тие го појасниле времето, местото, начинот и околностите на вршењето на кривичните дела. Од страна на полициски службеници пронајдени и одземени се алатите со кои биле извршени кривичните дела. По комплетирање на случаите, против сторителите на кривичните дела ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он