Приведени двајца разбојници само три часа откако ограбиле обложувалница

Од:

Приведени се две лица, само три часа откако ограбиле обложувалница, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„На 24.01.2022 во 23.00 часот на подрачјето на Гази Баба полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода С.Ј.(32) и М.М.(34), двајцата од Скопје. Тие околу 20.00 часот во спортска обложувалница во с.Стајковци со закана од вработениот одзеле пари. Од полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Гази Баба бил извршен службен разговор со пријавените, при што тие во целост го појаснија начинот на извршување на кривичното дело. По целосно документирање на случајот од страна на ЕВР-Одделение за криминалистички работи Гази Баба ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „разбојничка кражба“ по чл.238 од Кривичниот законик“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари