Приведена криминална група за транспорт на дрога, запленет еден килограм и 58 грама кокаин

Од:

Полициите на Северна Македонија и на Србија во заедничка акција спречија меѓународен канал за транспорт на дрога од земјите на Западна Европа во Северна Македонија во која се запленети еден килограм и 58 грама кокаин, соопшти МВР.

Во октомври и ноември 2019 година, од страна на Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал спроведена е истрага над организирана криминална група која се занимавала со организирање на транспорт на наркотична дрога „кокаин“, од земјите на Западна Европа во Република Северна Македонија. Групата се занимавала и со улична продажба на „кокаин“ на подрачјето на Скопје, Тетово и Гостивар.

Во координација со Одделот за специјални полициски операции, деенска е приведен Х.С (26) од с.Речане-Гостивар, кај кого во патничко моторно возило „сеат леон“ кое го управувал, а го паркирал на територија на Република Србија, во багажниот простор пронајдени се 1.058 грама кокаин. Х.С. кокаинот го транспортирал од Белгија до Северна Македонија. Исто така, лишени се од слобода и главните организатори на транспортот на дрогата Р.Љ (36) од с.Арачиново-Скопје и М.И (35) од с.Речане-Гостивар. Овие лица и претходно биле кривично пријавувани за дела од областа на недозволената трговија со дрога за што издржувале и казни затвор.

По целосно комплетирање на доказите против лицата ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Опсежна полициска операција во Струмичко, се претресуваат „легални“ производители на канабис

Горан Наумовски

„Нова ера“ на затворскиот криминал: Специјализирани банди со дронови доставуваат дрога и оружје

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Молкот на власта за скандалот со 5 тони дрога е потврда дека се штитат виновните

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

СДСМ: Нема одговор кој дозволи преку македонската граница да помине огромна количина на дрога и да заврши во Србија

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа