Приведен жител на Лојане за криумчарење мигранти

Од:

Полициски службеници привеле жител на Лојане за криумчарење мигранти, каде при преглед во неговото возило пронајдени се три лица мигранти од Куба, информира денеска Министерството за внатрешни работи.

– На 05.09.2021 година на автопатот Куманово-Табановце, полициски службеници при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода А.А.(35) од с.Лојане, Општина Липково. При преглед во возилото „ауди а4“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени три лица мигранти од Куба – Т.М.М.А.(23), Т.Р.Ј.(23) и К.М.Л.(24), соопшти МВР.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. По наредба на Јавен обвинител, мигрантите биле предадени во Транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари