Приведен велешанец фатен додека крадел во возило

Од:

Полициски службеници од СВР Велес вчера утрото во 4.30 часот го лишиле од слобода Б.А.(47) од Велес, кој бил затекнат при извршување тешка кражба во патничко возило.

Од Министерството за внатрешни работи информира дека украдените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот.

Б.А. се сомничи дека и претходно сторил повеќе тешки кражби во патнички возила, а досега се расчистени шест од нив. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени пријави по член 236 и член 206 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Седум жени загинале како последица на семејно насилство и во 2022 и во 2018 година, а не се барала оставка од министер за внатрешни

А1он

Заканувачко писмо во канцеларијата на претседателката

Нов инцидент поради кравите во Кривопаланечко: тешко повредена 67-годишна жена

Катерина Ѓуровски

Жена на 80 години пронајдена почината во Кисела Вода

Пијан виничанец направил две сообраќајки и двапати бегал

Приведено 87-годишно лице кое возеше во спротивна насока на булеварот Партизански одреди