Приведен тетовецот кој на Тикток се пофали со видео на кое му помага на дете да пука со пиштол

Од:

Полицијата го идентифкувала и го привела едното од двете лица кои се појавија на видеото на Тикток на кое на мало дете му помагаа да пука со пиштол. Информиран е и Центарот за социјални работи информираат од МВР. Се работи за лицето на чиј профил беше објавено видеото.

„Во врска со случајот пренесен преку видео снимка на социјалната мрежа „Тик-Ток”, МВР преку Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Бирото за јавна безбедност веднаш презеде мерки и активности за утврдување на деталите од видеото, меѓу кои и откривање на идентитетот на лицето – инфромираат од МВР.

Како резултат на тоа, денеска (02.01.2021) во 20.10 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Џ.(39) од с.Боговиње, поради основано сомнение дека на социјалната мрежа „Тик-Ток“ објавил видео, на кое малолетно дете пука со пиштол, а му помагаат две лица.

Тој е задржан во Полициско одделение Камењане и се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе биде поднесен соодветен поднесок за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”, предвидено и казниво по чл.396 од Кривичниот законик“ – стои во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Ѓорчепетровец пукал со пиштол од балкон

А1он

Притворена дебарчанка која го тепала своето дете и го терала да питачи во Струга

А1он

Кривична пријава за кочанчанец кој го терал своето дете да краде

А1он

Жител на радовишко се снимал како пука со пиштол и објавил на ТикТок, доби кривична пријава

Жарко Настоски

Петгодишно момче од САД почина од Ковид-19, родителите мислеле дека има труење со храна

Жарко Настоски

Како Тик-ток открива млади таленти?

Ана Ололовска