Приведен тетовецот кој на Тикток се пофали со видео на кое му помага на дете да пука со пиштол

Од:

Полицијата го идентифкувала и го привела едното од двете лица кои се појавија на видеото на Тикток на кое на мало дете му помагаа да пука со пиштол. Информиран е и Центарот за социјални работи информираат од МВР. Се работи за лицето на чиј профил беше објавено видеото.

„Во врска со случајот пренесен преку видео снимка на социјалната мрежа „Тик-Ток”, МВР преку Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Бирото за јавна безбедност веднаш презеде мерки и активности за утврдување на деталите од видеото, меѓу кои и откривање на идентитетот на лицето – инфромираат од МВР.

Како резултат на тоа, денеска (02.01.2021) во 20.10 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Џ.(39) од с.Боговиње, поради основано сомнение дека на социјалната мрежа „Тик-Ток“ објавил видео, на кое малолетно дете пука со пиштол, а му помагаат две лица.

Тој е задржан во Полициско одделение Камењане и се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе биде поднесен соодветен поднесок за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”, предвидено и казниво по чл.396 од Кривичниот законик“ – стои во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Трамп ја одобри продажбата на Тик Ток

Дванаесетгодишно девојче три месеци било физички и психичко малтретирано, а било снимено со мобилен телефон

Горан Наумовски

Си Џинпинг даде „зелено светло“ за продажба на TikTok

Градинката каде што беше пронајден шприцот: Само едно дете има гребнатинка, можно е од гранка од оградата

Пиштолот случајно пукна – мажот повреден во рака, жената во нога

А1он

(ВИДЕО) Белата куќа отвори TikTok профил