Приведен тетовец затоа што кафаната му работела по 21 часот

Од:

Полициски службеници од СВР Тетово вчера го привеле 29-годишниот А.Љ.од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, по чл.206 од Кривичниот законик.

Имено, при контрола на угостителски објект во Тетово, во негова сопственост, било констатирано дека истиот бил отворен по 21.00 часот и во него престојувале гости.

По целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе следи соодветен поднесок, соопштува полицијата.

Би можело да ве интересира

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Забранета за пиење е водата во четири тетовски села

А1он

Тетовец е тешко повреден, чичко му ненамерно го прегазил со возило

Полицијата влезе во угостителски објекти во Тетово, пронајде дрога и оружје

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Ексградоначалник на Свети Николе е осомничен за злоупотреба на службената положба