Приведен разбојник кој ограбил казино во Богданци

Од:

Приведен е разбојник кој ограбил казино во Богданци, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„Денеска (21.04.2022) во 06.20 часот полициски службеници од Полициска канцеларија Богданци го лишиле од слобода А.Г.(49) од Богданци. Тој се сомничи дека во 00.35 часот во казино во Богданци со закана кон вработената одзел пари од касата.

При извршен претрес во неговиот дом врз основа на наредба од Основен суд Гевгелија биле пронајдени пари од извршеното дело во вкупен износ од 65.000 денари и други предмети поврзани со кривичното дело.

Лицето е приведено и задржано во просториите на ОВР Гевгелија и во координација со Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија во текот на денешниот ден против него ќе биде поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 238 став 1 од Кривичниот законик, по што ќе биде изведен пред судија на претходна постапка“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Левица: Фемицидот во Богданци е уште еден доказ дека полицијата не ги штити жените кои пријавуваат насилство