Приведен радовишанец кој превезувал осум мигранти од Непал

Од:

Утринава околу 01.00 часот, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Стар Дојран го привеле А.С.(36) од Радовиш поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по член 418 – б од Кривичниот законик.

„Имено, претходно, по преземени мерки и добиени оперативни сознанија, на крстосница Богданци полициски службеници извршиле контрола во патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал А.С., при што бил пронајден ранец и траги од превоз на други лица. Набрзо, по преземени мерки, помеѓу селата Стојаково и Богородица биле пронајдени осум лица мигранти од Непал, кои изјавиле дека биле превезувани во возилото и дека заборавиле ранец“, соопшти полицијата.

Лицето било задржано во полициска станица, за настанот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

ЕУ подготвува построги правила за азил и побрза депортација на мигранти по кризата во Сеута

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“

Бројот на жртви од поплавите во Непал се искачи на 1.344, речиси 5.000 се водат како исчезнати

(ВИДЕО) Двајца работници извлечени живи од тунел во Непал, девет дена по поплавите

А1он

Силен земјотрес го погоди Тибет

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута