Мажот, за кој претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски тврди дека сакал да го убие вечерва, е приведен во полициската станица Чаир.
Неофицијално станува збор за газда на хотел лоциран во близина на трговскиот центар Мавровка.
Тој извади пиштол додека толпата демонстранти поминуваа кај мостот кај Скендер Бег и беше во присуство на другата група која фрлаа камења
Според информации на А1он по овој инцидент Христијан Мицкоски бил евакуиран.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ подоцна на социјалните мрежи објави дека пиштолот бил наменет за него.