Приведен крадец за издржување казна затвор

Од:

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 13.30 часот на булевар „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје го привеле 31-годишниот Г.Б. од Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.

За него, како што се посочува, била распишана централна потерница за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик.

Тој бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната, стои во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари